Поврзете се со нас

Репрезентација

Беари и Милеска се именувани за нови селектори

Објавено

на

Дашмир Беари и Катерина Милеска се именувани за нови селектори во категориите до 19 и 17 години во македонската репрезентација.

Имено Беари кој во досегашната кариера има работено во Ренова, Гостивар, Дрита, Велазерими и Ал Раед ја доби задачата да биде предводник на националниот тим до 19 години. Тој своето деби ќе го има на турнирот во Словенија кој се игра наредниот месец и на кој покрај нашата и домашната селекција ќе учествуваат репрезентациите на Франција, Русија, Бразил и Саудиска Арабија.

-Прилика за ново докажување. И за мене, но и за сите во тимот.Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и тренерската организација за укажаната доверба. Селекцијата до 19 години е една од важните за македонскиот фудбал. Потенцијалот за најголеми репрезентативни достигнувања фудбалерите најчесто го добиваат преку оваа репрезентација. Ќе работам професионално и чесно. Се разбира, во соработка со сите други тренери и селектори на помлади категории сѐ со цел најдобро да го подготвиме тимот. Не очекуваат силни турнири и натпревари, но тоа е прилика за напредок на оваа генерација, Дашмир Беари.

Катерина Милеска пак која е тренер на првакот Деспина и воедно се уште актуелната репрезентативка на македонската женска репрезентација ќе ја води селекцијата на дамите до 17 години.

-Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонска репрезентација. Визијата на ФФМ „Повеќе жени, повеќе голови“ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал, а јас се надевам дека ќе бидам поттик за доплнителна промоција на нашиот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови.

-Бев вклучена како тренер во селекцијата до 15 години и одлично ги познавам девојките од репрезентацијата. Проблем е тоа што поради здравствената криза немавме собири и натпревари во изминатиот период, но сега ни следуваат два пријателски натпревари против Романија и тоа е убава можност да го видиме нашето ниво на игра. Се надевам дека заеднички ќе ја градиме селекцијата на вистински начин и ќе создаваме репрезентатиен квалитет за А селекцијата, –изјави Милеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни