Поврзете се со нас

Германија

Баварците за Мусиала: Ќе биде тешко да го задржиме во Баерн…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Џамал Мусиала е еден од најквалитетните млади играчи на светот, фудбалер кој има само 21 година, но веќе од 2020 и 2021 година го носи тимот на првата екипа на Баерн Минхен и на сениорската германска репрезентација.

Ова токму говори за неговиот квалитет, знаење и потенцијал затоа што се уште може да се развива, напредува, да биде меѓу најдобрите на планетава, момент за кој се свесни во таборот на „баварците“ кои се обидуваат да потпишан нов договор со него.

Актуелниот му завршува во 2026 година и во Баерн не сакаат да се доведат во позиција да му остане само уште една година во 2025, односно посакуваат успешно да го затворат ова прашање.

Меѓутоа нема да биде лесно и најдобро за тоа говори изјавата на спортскиот директор, Макс Еберл.

-Тешко е, но не и невозможно – бидејќи Џамал ​​знае што има во Баерн Минхен. Овде порасна и се доведе до ова ниво. Разговорите се интензивираат. Ние сме исклучително амбициозни и тој знае дека сака да освојува титули, порача оперативецот за „Спорт1“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни