Поврзете се со нас

Олимписки игри

Батум ја испорача најважната блокада во кариерата, па го тешеше Дончиќ (Видео)

Објавено

на

Никола Батум ги израдува француските фанови откако со клучната блокада во последните секунди ја однесе својата репрезентација во финалето на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Токио.

Батум го спречи полагањето на Клемент Препелиќ, а на тој начин ја одржа минималната предност на Франција, резервирајќи дуел против САД во битката за златните медали.

Дончиќ стана третиот кошаркар во историјата со трипл-дабл на олимписки натпревар

Лука Дончиќ беше лидер на Словенците на олимпиското деби, но му го препуши клучниот шут за победа на Препелиќ, а по негативниот епилог за својата селекција, не можеше да го сокрие големото разочарување.

Додека Дончиќ седеше на клупата за резерви со пешкир на главата, Батум џентлменски му пријде на ривалот од НБА лигата и го прегрна, давајќи му поддршка во тешките моменти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни