Поврзете се со нас

Олимписки игри

Батум: Дончиќ е еден од најдобрите на светот, ќе морам да му се јавам на Ленард

Објавено

на

Репрезентацијата на Франција ja продолжи одличната серија на резултати и со победата над Италија (84:75) се избори за полуфинале на Летните Олимписки Игри во Токио.

„Триколорите“ имаа неколку расположени играчи, а меѓу нив беше и Никола Батум кој дојде до дабл-дабл од 15 поени и 14 скокови.

-Никогаш не сум бил понервозен играјќи за националниот тим, еве во последните 13 години. Лично имав голем притисок утрово – имам медали од светски и европски првенства, но не и од Олимписките игри. Затоа правев грешки на почетокот на натпреварот, а тие мои грешки го чинеа Де Коло два фаули. Така морав дополнително да го подигнам нивото на игра, да го водам тимот и на крајот забележавме добра тимска победа, -истакна Батум кој со своите сонародници сега ќе се соочи со Словенија предводена од Лука Дончиќ.

-Тие се актуелни европски шампиони со причина, а со Лука (Дончиќ)во тимот  имаат учинок 17-0. Сепак не е се во Лука иако во моментов е еден од најдобрите играчи во светот. Тие се одличен тим – Драгиќ постигна 27 против Германците, Мајк Тоби им значи многу, а Препелиќ може да експлодира. Тој список продолжува, -дополни Французинот кој запрашан за тоа дали серијата ЛА Клиперс-Далас ќе може да помогне во чувањето на Дончиќ кратко порача:

-Можеби ќе му се јавам на Ленард да игра за нас. Ќе биде поинаку, ова е различен тим, -заврши францускиот репрезентативец.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни