Поврзете се со нас

Свет

Батшуаји направи трансфер и предизвика „земјотрес“ во Истанбул

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/mbatshuayi

Белгискиот напаѓач Миши Батшуаји не е дел од својата репрезентација на ЕП во Германија, но затоа денеска барем во Турција успеа да го засени настапот на неговите сонародници во осминафиналето против Франција.

Причина за такво нешто е официјалната потврда дека Батшуаји потпишал тригодишен договор со Галатасарај, клубот во кој заминува од најголемиот ривал Фенербахче.

Навивачите на Фенер реагираа жестоко уште на шпекулациите за вакво сценарио, па сопругата на Белгиецот открила дека по првите написи за овој трансфер, семејството добивало смртни закани и многу расистички навреди на своја сметка.

Во дресот на Фенербахче, Батшуаји одигра 75 натпревари и постигна солидни 44 погодоци.

За да биде поинтересно, Батшуаји во минатото го носеше и дресот на Бешикташ и тоа како позајмен играч од Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни