Поврзете се со нас

Формула 1

Батон: Ферари лошо го процени Саинц и направи голема грешка

Објавено

на

Трансферот на Карлос Саинц во Ферари предизвика бура од реакции во автомобилистичкиот свет, од едноставна причина што легендарниот италијански тим на тој начин го потврди најмладиот двоец во своите редови во последните 50 години.

Тимскиот шеф Биното нагласи дека младоста и амбицијата кај двајцата возачи се вистинскиот рецепт за успех кој му е потребен на подзаспаниот италијански „ѕвер“ кој се изгуби од шампионската мапа во Формула 1, но од друга страна пак, има и такви кои сметаат дека со ваквиот потег, Ферари се обидува да ја наметне титулата возач број 1 кај Шарл Леклер.

Заминувањето на Себастијан Фетел секако ќе ослободи многу финасии и ќе го намали притисокот кај Леклер, но поранешниот шампион Џенсон Батон смета дека Биното во Саинц ќе доби млад и гладен „лав“ за победи, што значи дека ќе има огромна конкуренција во тимот.

– Ако Биното се одлучи за Саинц поради тоа што смета дека ќе го има во свои раце, мислам дека направија голема грешка. Карлос е победник, тој е како неговиот татко.

– Ќе биде најдобар што може, ќе сака да се бори за победите и титулата. Мислам дека го избраа погрешниот возач ако сакаат само добра атмосфера во тимот. Саинц има одличен карактер, но тој сака да победува и нема да се задоволи со второстепена улога, – тврди Батон за „Скај Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни