Поврзете се со нас

НБА

Батлер „заглави“ во враќањето во Мајами, Оклахома ја продолжи победничката серија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/MiamiHEAT

Џими Батлер рано утрово за првпат се врати на Мајами по трејдот по кој беше испратен во Голден Стејт Вориорс, меч кој беше многу лош како за него така и за неговиот тим кој претрпе убедлив пораз од Хит од 112:86.

Домаќините одигра пред се фантастично во одбраната, а во исто време и доволно добро во нападот за да на крајот слават со 26 разлика.

Шестмина играчи на Мајами беа двоцифрени, листа која ја предводеше центарот Адебајо со 27 поени и 8 скока. Батлер на другата страна уфрли за него скромни 11 кошеви, Куминга беше најефикасен со 15 поени.

Оклахома Сити Тандер ја прокнижи седмата победа во низа и тоа на гостувањето кај Сакраменто Кингс. Популарните ОКЦ славеа со 121:105 и сега имаат учинок 60-12 со што се далеку најдобар тим во лигата.

Шеј стандардно беше прво име со 32 поени, 8 скока и 5 асистенции, Мареј на другата страна беше автор на 28 кошеви.

Резултати:

Детроит – Сан Антонио 122:96
Шарлот – Орландо 104:111
Мајами – Голден Стејт 112:96
Њујорк – Далас 128:113
Хјустон – Атланта 121:114
Јута – Мемфис 103:140
Сакраменто – Оклахома 105:121

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни