Поврзете се со нас

НБА

Батлер сакаше да игра со различен дрес од соиграчите, судиите не му дозволија (Видео)

Објавено

на

Кошаркарите од НБА лигата кои настапуваат во специфичната завршница на сезоната во Орландо, решија максимално да го искористат овој момент за зголемување на свеста кај навивачите во однос на последните расистички испади на американска територија.

На дресовите на кошаркарите стојат зборови кои испраќаат порака за еднаквост меѓу сите раси, а единствениот проблем досега го доживеа ѕвездата на Мајами, Џими Батлер.

Батлер сакал да настапи на дуелот со Денвер со дрес на кој нема да го пишува неговото презиме, но судиите не му дозволија такво нешто.

Во моментите кога требаше да започне средбата, Батлер беше испратен до клупата за да го замени дресот, а нему не му беше баш најјасно што е толку проблематично, но мораше да го исполни барањето на официјалните лица.

– Решив да носам дрес без една од пораките кои ги одреди лигата, па затоа логично беше на дресот да не го пишува и презимето.

– Според мене, без порака и без име, се испраќа порака за еднаквост, дека јас сум ист како и другите, имам исти прави како сите луѓе, – го објаснил Батлер својот потег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни