Поврзете се со нас

НБА

Батлер пред почетокот на големото НБА финале: Не сме аутсајдери, ние сме…

Објавено

на

Вечерва или поточно во 3 часот по полноќ стартува големото НБА финале во кое силите ќе ги одмерат Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит.

Сите кошаркарски фанови со нетрпение ја очекуваат оваа битка на најдобрите екипи на Западот и Истокот, на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и компанија против Џими Батлер, Бем Адебајо, Горан Драгиќ и пријателите.

Се игра на неутрален терен во „меурот“ во Орландо што значи дека ниту една екипа нема предност кога е во прашање домашниот паркет, поддршката и затоа се очекува да има драма на секој натпревар. Сепак на хартија фаворит е Лејкерс, но ѕвездата на Хит, Батлер не може да прифати тие да ја имаат улогата на аутсајдери.

-Ние сме добар тим. Тоа е тоа, добар тим. Нема да кажам оти сме подобри од било која екипа, меѓутоа не сметам оти сме аутсајдери. Не сметам. Што ако никој не веруваше дека ќе бидеме овде? Тоа е во ред. Сигурно никој не типува и дека ќе победиме. Тоа е во ред, го разбираме. Ние го прифаќаме тоа затоа што на крајот на денот, навистина не ни е гајле.

-Ќе излеземе и ќе се натпреваруваме, ќе играме заедно како секогаш и ќе видам каде ќе завршиме, -истакна Џими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни