Поврзете се со нас

НБА

Батлер ја презема одговорноста за поразот, но порача: Ќе победиме во Бостон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ESPNStatsInfo

Мајами Хит не искористи уште една „меч“ топка во пресметката со Бостон Селтикс, односно драматичниот пораз од 104-103 значи дека сега серијата е израмнета на 3-3 и „мајсторка“ ќе го одлучи патникот во големото финале на НБА лигата каде веќе одамна е пласиран тимот на Денвер Нагетс.

„Келтите“ со кош со звукот на сирената се изборија за решавачкиот дуел во „Ти-Ди Гарден“, меч на кој може да биде испишана нова историја затоа што досега ниту една екипа не успеала од 3-0 да се врати и слави со 4-3.

Најголемата ѕвезда на „жешките“, Џими Батлер е убеден дека тоа нема да се случи, поточно смета дека тие како група имаат капацитет, квалитет да одговорат на најголемиот предизвик во серијата.

-Без разлика дали игравме лошо или добро, ние загубивме. Го имаме натпреварот број седум пред нас, одиме сите заедно како дома така и на гостувањата, јас им реков на момците во соблекувалната…Да играв подобро ќе победевме, ќе победевме и немаше да бидеме во оваа ситуација. Ова искрено го кажувам. Ќе бидам подобар, насмеан сум затоа што овие момци ме следат, -рече Џими и додаде:

-Ќе направиме се што треба еден тим да направи и не ме интересира што може да се случи затоа што ќе отидеме таму и ќе победиме, -подвлезе Батлер.

Решавачката пресметка е игра во вторник од 02:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни