Батистута: Поради една причина Рома нема освоено титула во Серија А

batistuta

Славниот аргентински ас, Габриел Омар Батистута ја посочи главната причина зошто Рома долго време чека на титула во Серија А.

„Римската волчица“ последен пат се радуваше на Скудетото во натпреварувачката 2000-2001 година токму кога главната улога ја имаше Батистута кој во таа тековна кампања даде 20 голови, а клубот од Рим го освои пехарот со 75 бода или два повеќе од Јувентус.

Според популарниот Батигол постои една голема објективна причина зошто не е освоено Скудетото-тоа е Јувентус.

-Рома? Секогаш биле меѓу топ тимовите, ама нешто им недостасува. Тимот игра добро под водство на Ди Франческо, а единствената оричина зошто Рома нема освоено друга титула е Јувентус кој има се. Барса? Рома може да го добие секој тим кој е во четвртфиналето, -рече Аргентинецот.

Facebook Коментари