Батистута има став за идеалната „деветка“ на Аргентина

mesi-sampaoli

Информацијата дека Мауро Икарди не е дел од поширокиот состав на аргентинската репрезентација за СП во Русија предизвика многу реакции, а свој став за напаѓачката позиција има и легендарниот Габриел Батистута.

Според неговиот актуелен став, селекторот Сампаоли го прави вистинскиот избор со форсирањето на Гонзало Игуаин.

– Мојот став е дека на напаѓачката позиција треба да игра Игуаин, а и селекторот очигледно размислува исто. Има голем притисок на него, навивачите бараат секој удар да биде гол, да се надеваме дека во Русија ќе реализира поголем број од шансите. За среќа Аргентина има и други опции, тоа е нешто со што не може секој да се пофали, – вели Бати-гол.

Facebook Коментари