Поврзете се со нас

Свет

Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!

Објавено

на

Габриел Батистута е легендарно фудбалско име, ас кој остави трага како во клупскиот така и во репрезентативниот фудбал.

Популарниот Габигол долго време важеше за еден од најдобрите светски напаѓачи, ѕвезда која знаеше да се снајде во тешки ситуации, да направи магија, даде гол и го матира противникот, па поради се што има направено може да си дозволи да даде коментар за одредени моменти, позиции, случувања затоа што неговиот збор има тежина.

Неговата Аргентина по подолго време важи за една од најдобрите светски репрезентации, тим кој многумина го ставаат во првиот ред на фаворити за пехарот на престојниот шампионат во Катар. Една од причините за тоа дефинитивно е Лионел Меси кој во последниве години игра како препороден во националниот тим со кого успеа да дојде и до трофејот во Копа Америка.

Ова според Батистута се должи на тоа што Лео конечно добил вистинска помош од соиграчите, новата генерација која разбира дека мора секој да си ја заврши работата, поточно не може се да се очекува од еден играч.

-Долго време му дававме целосна одговорност на Меси, прво треба да се осудуваме што мислиме дека сме го имале Исус Христос, да тој е Меси, голем играч, ама не е Исус Христос и потоа го осудуваме него. Долго време правевме штета.

-Сега тоа се смени бидејќи тој се чувствува послободен со овие момци. Секако, ако ја имам топката и можам да му ја дадам на Меси, му ја давам нему. Ако имам двајца соиграчи, ќе му го дадам на Меси ако можам. Ако има ѕид, а тој е зад него, морам да му ја дадам на другиот. Тоа го разбираат овие деца. И сите играат добро. Ако не можат да му податат на Меси, ќе дадат на друго место.

-Ниту Меси не е глупав. Дали знаете како е да се чувствувате дека другите очекуваат од вас се да направите? Што ако го направиме тоа сите заедно? Звучи поинаку. И се чувствува поинаку. Одете и прашајте го Меси дали повеќе сака да игра во Барселона на Гвардиола, каде што делеше се со големи играчи, или да игра сам и ги постигнува сите голови. Затоа во оваа репрезентација мора да биде среќен гледајќи ја личноста на сите играчи. Јас ги сакам, -порача Батистута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни