Италија
Бастони за посакуваниот противник во финалето: Да кажеме…
Интер беше подобар од Аталанта со 2-0 и дојде до првиот билет за финалето на Супер Купот на Италија, турнир што се игра во Саудиска Арабија.
Избраниците на Инѕаги го бранат трофејот во ова натпреварување, а првата пречка беше помината со два гола во вториот дел кои беа дело на Дамфрис во 49 и 61 минута.
-Знаеме колку е тешко да се игра против екипа како Аталанта, која ги затвора просторите и оди човек за човек. Потребен ви е индивидуален талент во овие ситуации и Дензел тоа ни го даде. Јасно е дека нашата цел е да победиме на секој натпревар, без разлика со кого се соочуваме, потпирајќи се на нашите сопствени карактеристики, -истакна Алесандро Бастони кој запрашан за тоа кого би сакале да го имаат за ривал во финалето Милан или Јувентус, одговорот беше следен:
-Да кажеме дека во Серија А не ги имавме нашите најдобри перформанси против ниту еден од нив така што ќе имаме што да покажеме и докажеме со кого и да се соочиме, -порача Бастони.
Инаку Интер испушти победа во лудата средба со Јувентус (4-4), додека пак против Милан го претрпе единствениот пораз во шампионатот.
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства22 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија15 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Свет17 часа
Нејмар се подготвува за преселба во МЛС лигата, три клуба се во игра