Баслер: Ќе беше добро и Милер да се откажеше од националниот тим

miler-basler

Неубедливиот настап на Германија на натпреварот против Франција, овозможи критичарите на составот предводен од Јоаким Лев да продолжат со своите коментари и негодувања поради одредени решенија.

Откако Месут Озил и Илкај Гундоган се повлекоа од националниот тим, сега гневот го навлекува Томас Милер кој никако да ја врати препознатливата форма во националниот тим. Најрадикален беше поранешниот репрезентативец, Марио Баслер.

– Ќе беше многу подобро ако заедно со Озил и Гундоган, од репрезентацијата се повлечеше и Милер. Во последно време нафрлувањата му завршуваат во Меѓународната вселенска станица, – порачал Баслер, јасно нагласувајќи што мисли за членот на Баерн, клубот во кој настапуваше и тој за време на играчката кариера.

Facebook Коментари