Поврзете се со нас

Свет

Басконија ќе и биде противник на Барселона во финалето на шпанската лига

Објавено

на

Кошаркарите на Басконија одиграа одлично второ полувреме на дуелот со Валенсија и со победата (75:73) се изборија за пласман во финалето на завршниот турнир во шпанската Ендеса лига.

Валенсија имаше двоцифрена предност во првиот дел и доминираше до паузата, но Басконија успеа да се врати во многу подобро издание, па тимот на Душко Ивановиќ ја имаше предноста во завршницата од мечот.

Поразениот тим шутираше за три поени во последните секунди, што беше и шут за победа, но Лојд не реализираше, па Басконија избори финале против Барселона и можност да се борат за шпанската титула.

Драгиќ со 21 и Шенгелија со 17 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Валенсија Ван Росом реализираше 14 поени.

Финалето меѓу Баскија и Барселона ќе се игра во вторник од 20 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни