Евролига
Басконија ја размонтира Барса, Баерн подобар од Партизан

Евролигашката елита денеска донесе четири пресметки во вечерната програма, а посебно интересни беа ривалите кои ги одмерија силите на завршните два меча.
Во големото шпанско дерби, Басконија и одржа лекција на Барселона и буквално ја размонтира на домашен терен, нанесувајќи и го вториот пораз во осмото коло во Евролигата.
Од друга страна, Басконија влезе во позитивен ритам и стигна до трета победа во низа, а оваа беше убедливо најслатка бидејќи беше изразена со резултат 94:71 против големиот фаворит. Дури тројца играчи на Басконија беа максимално расположени за игра и тоа ја направи клучната разлика на оваа средба, па така Хауард постигна 26 поени, Коди Милер 20, а Монеке 19 поени.
Во втората возбудлува пресметка, дербито во Минхен беше многу понеизвесно и се се решаваше во последната четвртина, во која играчите на Пабло Ласо имаа повеќе нерви и го победија Партизан со 94:85.
Партизан беше во игра на четири минути пред крајот, но во финишот се распадна и на крајот Баерн стигна до трет триумф и му го нанесе петтиот пораз на српскиот великан.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него