Поврзете се со нас

Евролига

Басконија ја понижи и ја прекина победничката серија на Барселона, Зенит ја доби драмата во Белград (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Басконија ја разби Барселона со 94-75 во шпанската пресметка во 18. коло во Евролигата.

Домаќините на почетокот на овој месец славеа над каталонците во АЦБ лига што значи дека за краток период успеаа да слават две победи над екипата која е меѓу најдобрите во Европа. Басконија одигра извонредно во втората (20-11) и пред се во третата четвртина (34-20) со што создаде огромна предност која рутински ја одржа во завршните десет минути.

Со ова клубот од Басконија ја прекина серијата на лидерот од девет победи во оваа конкуренција,  триумф во кој дури шест играчи беа автори на 10 или повеќе кошеви.

Кај поразената Барселона стандардно најефикасен беше Миротиќ со 19 поени.

Рускиот прволигаш Зенит пак ја доби драмата со Црвена Звезда во Белград. Основниот дел заврши безпоедник 69-69 за да во дополнителните минути гостите бидат подобри со 11-7 за конечни 80-76.

Берон против поранешниот тим даде 25 поени, кај Звезда прво име беше Волтерс со 21 кош.

На третата средба која се одржа Уникс Казан беше подобар од европскиот првак Анадолу Ефес со резултат 75-67.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни