Поврзете се со нас

Македонија

Македонското баскет трио по успехот на Гимназијадата во Бахреин: Со уште еден играч во ротација ќе освоевме и медал

Објавено

на

Македонскиот средношколски машки баскет-тим „3х3“ успеа да се пласира на 4. место и малку недостасуваше да се закити со медал на Светската Гимназијада, која неодамна се одржа во Бахреин, а на која настапија 37. кошаркарски репрезентации од целиот свет.

Сергеј Младеновски, Бојан Димитриев и Стефан Стојковиќ се тројца македонски баскет надежи, кои за малку испуштија медал во жестока конкуренција, а нивниот забележителен настап беше причина да гостуваат во студиото на Спортското радио 90,3.

– Во нашиот спорт, на турнирот во баскет „3×3“ учествуваа 37 држави, имаше и многу репрезентативци, вклучувајќи не и нас кои сме дел од У-18 репрезентацијата на Македонија.

– Другите школи што учествуваа беа полни со репрезентативци и се виде дека имаше добри и квалитетни играчи. На некој начин го гледаме овој настан како Светско првенство за играчи до 18 години во сите спортови.

– Му благодариме на селекторот Венци (Вјенцислав Рангелов) што не повика нас да настапуваме, одлично не водеше, имаше одлична енергија, одигравме многу добри натпревари, а главна причина што не обезбедивме подобар пласман е што бевме покуси за еден играч на турнирот, – изјави Стојковиќ како дел од триото надежни македонски кошаркари и баскет играчи.

Целиот разговор може да го слушнете на следниот линк:

https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-stefan-stojkovic-bojan-dimitriev-sergej-mladenovski-3×3-basket-makedonija?fbclid=IwY2xjawGa6GVleHRuA2FlbQIxMAABHXXKk0Roo1U_09t8Zqhr3_evzyo3-T1W6O_Pp4cutlFrasEVqjO29Gel-A_aem_usyTSTMNs5M9UAXEAdgPIg

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни