Поврзете се со нас

Македонија

Баскет Кам обезбеди финале во женскиот кошаркарски куп

Објавено

на

Екипата на Баскет Кам славеше со убедливи 95:59 против Вардар во второто полуфинале на завршниот турнир од кошаркарскиот куп во женска конкуренција и го обезбеди најголемиот успех во својата клупска историја.

Клубот од Македонска Каменица доминираше во најголем дел од натпреварот кој се играше во битката за финале за трофејот кој од годинава го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“, па го остави Вардар без шанси да се пласира во следната рунда.

Митрашиновиќ со 28 и Гобелиќ со 24 поени го водеа Баскет Кам до големиот успех и беа доминантни на теренот, додека во редовите на Вардар, Наков реализираше 21 поен, додека Пејковска го заврши дуелот со 14 поени.

Утре од 17 часот се игра финалето на женскиот кошаркарски куп, а таму Баскет Кам ќе му се спротивстави на Бадел 1862.

Во првото полуфинале, Бадел 1862 славеше над Крива Паланка со резултат 77:56.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни