Поврзете се со нас

Македонија

Башкими ги сруши „лавовите“ во Ѓорче Петров, Брегалница им се врати на победите

Објавено

на

Екипата на Башкими направи изненадување и славеше над Македонија Ѓорче Петров со 1-0 на натпреварот кој попладнево се одигра во западната скопска населба во рамките на 17. коло во Втората македонска лига.

Ова за „лавовите“ беше прв неуспех, прв пораз во натпреварувачката 2024/2025 на домашен терен, а истиот им го нанесе Хусеин Демири кој ги матираше во првото полувреме.

Второпласираната Брегалница пак им се врати на победите и го надигра Новаци со 3-1. Стрелци на головите за домаќините беа Димитриевски, Калпачки и Хаџи-Кимов.

Резултати:

Македонија ЃП – Башкими 0-1

Арсими – Охрид 1-1

Борец – Победа 0-1

Брегалница – Новаци 3-1

Беласица – Вардар Н. 4-0

Скопје – Осогово 0-0

Детонит Плачковица – Саса 1-2

Кожуф – Вардарски 1-0

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни