Бартра долови еден интимен дуел од вчерашниот меч во Примера и стана хит во Шпанија (Фото)

bartra-bilbao

Марк Бартра се пронајде себеси по враќањето во шпанската Примера и сега првиот тим на Бетис не може да се замисли без сигурноста на поранешниот член на Барселона, а некогашниот шпански репрезентативец денеска пронајде начин да се најде во центарот на вниманието без да направи некој посебен фудбалски потег на теренот.

Бетис и Атлетико Билбао вчера одиграа интересен и возбудлив натпревар кој заврши со конечни 2:2, а Бартра сега со една фотографија ни долови дека играчит на двата тима не бирале средства за да ги сопрат противниците, со тоа што во дадениот случај се дава себеси како пример за жртва.

– Од вчерашниот натпревар! Дадовме се на теренот!, – гласи пораката на Бартра.

Facebook Коментари