Поврзете се со нас

Шпанија

Бартомеу седеше крај Суарез, но доби неочекувана „отровна стрела“ на прошталниот прес (Видео)

Објавено

на

Луис Суарез со многу емоции и пролеани солзи ја одработи својата проштална прес-конференција како член на Барселона, со што стави крај на една навистина убава и незаборавна ера која траеше точно шест години.

Уругвајскиот напаѓач кој пристигна на „Камп Ноу“ во 2014-та година во доста контроверзни услови и тоа како триумфираше во Каталонија, бидејќи во изминатите шест сезони стана трет најдобар голгетер во историјата на клубот. Самиот Суарез нагласи дека никогаш нема да заборави како бил третиран од клубот во најтешките денови во неговиот живот по настапот на Светското првенство кога го гризна Кјелини, па со солзи во очите нагласи дека засекогаш ќе остане голем фан на Барселона.

По протоколарното обраќање кое првично го имаше, на ред дојдоа и прашањата од страна на новинарите, а во овој дел од мини церемонијата, пристигна и една „отровна стрела“ која Суарез сепак ја упати кон човекот кој седеше крај него, претседателот Бартомеу.

Еден новинар го праша Суарез дали има одредена забелешка за нешто што се случило во клубот од неговата страна или од спротивна, на што Уругваецот одговори.

– Забелешка за мене, или за….., – порача Суарез, јасно гестикулирајќи со главата кон Бартомеу кој е под сериозен притисок за својата работа во последно време.

– Искрено, можам да бидам доста самокритичен. Ни се случи еднаш, вторпат, третпат, моравме да научиме од тие порази во Лигата на шампионите. За мене лично гледано, не можам да си забележам ништо. Сите знаат дека имам играно со болки, со повреди и тоа се ценеше. Си одам горд дека влегов во историјата на овој клуб, – изјави Суарез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни