Поврзете се со нас

Шпанија

Бартомеу ја шокираше јавноста: Барселона прифати да биде дел од новата Европска супер лига

Објавено

на

blank

Досегашниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу вечерва лично соопшти дека ја напушта функцијата и заедно со него оставка поднесува целиот борд на директори на клубот.

Во обраќањето до јавноста и навивачите на Барселона, Бартомеу открил и информација која ќе предизвика нов бран реакции во фудбалската јавност.

– Можам да соопштам една одлична вест. Вчера прифативме да учествуваме во Европската супер лига, која ќе гарантира поволна финансиска ситуација во иднина за клубот. Исто така го прифативме и новиот формат на Светското клупско првенство, – открил Бартомеу, враќајќи ја темата за Европската супер лига, која пред неколку денови беше демантирана од ФИФА.

Бартомеу нагласил дека учеството во новата лига ќе треба да биде потврдена од следниот состав на бордот на директори.

Под водство на Бартомеу кој беше на оваа позиција од 2014 година, Барселона освои пет шампионски титули во Ла Лига и еден трофеј во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни