Бартомеу даде прецизен одговор за можноста Нејмар да се врати во Барселона

bartomeu

Првиот човек на шпанскиот гигант Барселона, Хозеп Марија Бартомеу даде конкретен и прецизен одговор за една дилема која е доста актуелна во јавноста во изминативе денови и тоа за можноста Нејмар да се врати на „Камп Ноу“.

Дел од медиумите информираа оти Барса е подготвена одново да му ја отвори вратата на бразилскиот ас, а за тоа зелено светло наводно дала и соблекувалната. Меѓутоа како што одминуваат деновите се повеќе станува јасно дека таа вест е далеку од вистинината, прво Нејмар испрати јасна порака на таа тема, а сега и Бартомеу категорично ги отфрли тие информации.

-Нејмар нема да се врати во Барселона. Нема да се врати, нема никакви планови за тоа. Нема повици, ниту состаноци. Нема контакт. Ние не сакаме играчи кои си ја активираат клаузулата и си заминуваат, -рече Бартомеу кој воедно откри дека клубот најверојатно нема воопшто да се активира во јануарскиот преоден рок.

-Нема планови за засилувања во јануари. Имаме мал тим затоа што имаме играчи од Б тимот што можат да покријат, -рече претседателот на шпанскиот шампион.

Facebook Коментари