Поврзете се со нас

АТП

Бартоли: Замислете Ѓоковиќ да биде елиминиран во раната фаза, кој потоа ви останува?

Објавено

на

До крајот на оваа календарска година ако се биде според планот треба да се одиграат уште два големи турнири, Ју-Ес Опен во Њујорк и Ролан Гарос во Париз.

Истите според засега закажаното треба да се одиграт во август, септември и октомври, а пред истите повторно актуелна е темата мечевите во машка конкуренција да се играат во два добиена сета со оглед на тоа што играчите се врќаат по долга пауза поради коронавирусот.

Ама со ова и воопшто целата идеја која се врти веќе подолго време не се согласува Мерион Бартоли, поранешната шампионка од Вимблдон која смета дека така може многу лесно во раната фаза да испаднат фаворитите и турнирот да не биде интересен.

-Знам дека нема да биде така во Ролан Гарос. И тоа е оправдано. Никој не сака првиот носител да изгуби 7:6, 7: 6 од некој што само добро сервира. Ако испадне првиот фаворит кој ќе привлекува внимание. Тоа никој не го посакува, -истакна Французинката која притоа додаде:

-Замислете си дека сте организатор на Ју-Ес Опен. Ѓоковиќ ќе игра, а Надал нема да дојде. Веќе се знае дека Федерер нема да игра. Единствениот врвен играч е според тоа е Новак и замислете е елиминиран во првото коло од одличен сервер во два тајбрејка. Никој не би останал во ждребот, -заклучи Бартоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни