Поврзете се со нас

АТП

Бартоли: Тоа Ѓоковиќ никогаш не би го направил, можеби…

Објавено

на

Некогашната најдобара француска тенисерка, Марион Бартоли даде свој коментар за настапот на Новак Ѓоковиќ на ЛОИ во Токио.

Ѓоковиќ сакаше да го оствари сонот и да освои златен медал, меѓутоа не успеаа да ја оствари таа негова цел. Тој остана без одличје во поединечна конкуренција, меѓутоа и во мешани двојки каде настапуваше со Нина Стојановиќ.

Тој имаше можност барем во микс-дубл да дојде до бронзата, ама одлучи да се откаже од борбата и за тоа имаше критики на негова адреса.

-Тој е исклучително фина личност и премногу го почитува спортот и својата земја за да направи такво нешто и да се откаже од борбата за медал, без да има вистински проблем. Можеби некој друг требаше да игра во мешани двојки, но Новак процени дека може. Можеби не сфатил целосно колку се брутални условите во Токио во тоа време од годината. Многу е влажно и топло. Мислам дека беше исцрпен и тоа можеме да го разбереме по се што помина, -истакна Бартоли.

Ноле не игра во Торонто, нема да игра ниту во Синсинати, ама би требало да биде подготвен за Ју-Ес Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни