Дејвис куп
Бартоли со жестоки критики за Пике: Ќе го уништи Дејвис купот поради личен профит

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли го критикуваше Жерард Пике, кој преку компанијата „Космос“ ги купи правата на Дејвис куп натпреварувањето.
Тенисерката која освои три турнири во кариерата, вели дека е незадоволна од новиот формат, но и од фактот што Пике и неговите соработници постигнале договор натпреварувањето следните пет години да се одржува во Абу Даби.
– Навистина сум шокирана, не можам да поверувам дека некој се согласил пет години Дејвис купот да се игра во Абу Даби.
– Пике ја користи шансата за профит, но не треба да заборави дека кога се купува нешто, поентата не е да го уништиш. Секогаш можеш да смислиш нешто интересно за да ги привлечеш фановите, но играње во Абу Даби не е добра солуција.
– Тој не знае ништо за тенисот, не го играл и не ја познава историјата на спортот. Едноставно сака да направи пари, но барем да имаше попаметни советници околу себе. Една од главните вредности на Дејвис купот беше публиката. За да има атмосфера, мора да има домаќин и гостин, а не мора да се одржува секоја година, – вели Бартоли.
Актуелното издание на Дејвис купот се одржува во Торино, Инсбрук и Мадрид, а завршните мечеви ќе се играат во шпанската престолнина.
-
Англијапред 18 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 19 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
Англијапред 24 часа
Ново видео од тунелот на „Олд Трафорд“ го става Мегваер во неповолна ситуација: Кој ни е капитен….. (Видео)
-
ВТАпред 21 час
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Италијапред 23 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 13 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Англијапред 22 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Шпанијапред 5 часа
Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години