Поврзете се со нас

АТП

Бартоли го посочи најголемиот проблем на Ѓоковиќ: Разговарав со член на неговиот тим…

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ ги нема очекуваните резултати во оваа календарска година, година во која нема освоена ниту една титула, но и одиграно ниту едно финале што за негови стандарди е учинок под секое ниво.

Меѓутоа има уште многу предизвици во 2024, првиот е Ролан Гарос каде првиот светски рекет имаше сигурен страт и оствари победа од 3-0 над Ербер со 3-0 во сетови.

Ноле сигурно ќе сака да продолжи во овој стил, но останува да се види што ќе се случува и дали тој ќе може да ја задржи константноста, да го донесе најдоброто од себе на теренот.

Во меѓувреме интересна изјава даде поранешната шампионка на Вимблдон, Марион Бартоли кој се обиде да посочи кој е најголемиот проблем на Србинот во оваа сезона.

-Имав доволно среќа да разговарам со еден од неговите членови на тимот пред да започне турнирот. Најголемиот проблем со кој моментално се занимаваат кога е Новак во прашање е тоа што има денови кога се буди со недопрена мотивација, а има денови кога, можеме да го разбереме, сака да биде со сопругата, со своите деца. Да ги однесе на училиште, да водат нормален живот, да биде на плажа, да ужива и да си каже дека успеал во се. Осцилира меѓу овие две емоции и затоа понекогаш е целосно отсутен од теренот.

-Разговарав со еден од неговите тренери кој ми рече дека не сакал да го игра натпреварот во Рим додека бил на тренинг, бил многу добар. Сфаќаме дека овие големи шампиони имаат и човечки емоции, -вели Бартоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни