Бартоли го победи мистериозниот вирус и најави сензационално враќање на тенисот

bartoli-place

Марион Бартоли во 2013 година ги изненади сите букмејкери и успеа да ја освои титулата на Вимблдон, но само неколку месеци по нејзиниот најголем успех во кариерата, Французинката одлучи да се повлече од тенисот со образложение дека нејзиното тело повеќе не може да го издржи напорот.

Бартоли ја шокираше комплетната тениска јавност со тоа што стави крај на кариерата на само 28 години и после најголемиот успех кој го оствари, а подоцна животот на Французината дополнително стана драматичен откако беше нападната од подмолен и мистериозен вирус поради кој загуби повеќе од 20 килограми.

За среќа, Бартоли денеска потврди дека комплетно ги надминала сите проблеми и дека ја добила најважната битка во животот, а истовремено испрати радосна вест дека во новата 2018 година ќе му се врати на тенисот по петгодишната пауза.

– Имам нешто да ви кажам на сите. Јас ќе се вратам во новата година на професионалното играње тенис. Тоа ќе биде огромен предизвик за мене. Знам дека имам уште многу тренинзи до враќањето, но се надевам дека ќе бидам подготвена во месец март и за Мајами Опен, – порачува Бартоли.

Facebook Коментари