Барти ќе ја донира заработката од турнирот во Бризбејн за настраданите од пожарите

eshli-barti

Најдобрата австралиска тенисерка во моментов, Ешл Барти, најави дека ќе ги донира сите заработени пари од турнирот во Бризбејн за настраданите во големите пожари во Австралија.

Барти ќе игра сингл и дубл на турнирот во својата земја и се надева на висок пласман во двете конкуренции, по што ќе употреби парите за донација во специјалниот фонд наменет за покривање на штетите од пожарите.

– Во моментов има многу поважни работи за кои треба да се грижиме. Ова е ужасна ситуација, за мене започна пред два-три месеци и се случува во целата земја.

– Не само што настрадаа животните, туку страдаат и наши сограѓани кои ги губат и домовите, – истакнала Барти.

Facebook Коментари