Поврзете се со нас

ВТА

Барти и Колинс ќе водат битка за пехарот во Мелбурн (ВИДЕО)

Објавено

на

Ешли Барти и Данијел Колинс ќе се соочат во големото финале во женска конкуренција на првиот грен слем во 2022 година Австралија Опен.

Прва до билет за завршниот меч дојде Барти која потврди дека е во извонредна форма и ја среди Медисон Киз со 6:1, 6:3. Со ова Ешли продолжи да „гази“ со оглед на тоа што до битката за титулата стигна без загубен сет, а воедно стана прва домашна тенисерка која успеала да дојде до оваа фаза на турнирот од 1980 година.

На патот до третиот грен слем трофеј и стои Американката, Колинс која пак во второто полуфинале ја надигра Ига Швјонтек. Средбата траеше нешто помалку од еден ипол час, период во кој неизвесен беше само првиот сет кој Данијел го реализираше со 6-4 за да во продолжението со 6-1 ја заврши работата за прво грен слем финале во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни