Поврзете се со нас

Евролига

Барселона во последните пет минути го скрши отпорот на Милано, брилијантниот Џејмс му пресуди на Химки (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона и ЦСКА Москва дојдоа до бројката од 10 победи во натпреварувачката 2020/2021 во Евролигата.

Шпанскиот претставник беше подобар од Олимпија Милано со 87-71 и тоа откако одигра фантастично во завршните пет минути. Имено гостите од Италија влегоа во овој дел со предност од 69-64, но потоа целосно се распаднаа во „Палау Блауграна“ или поточно домаќините со серијата од 23-2 дојдоа до резултатот што го посакуваа.

Дејвис даде 21 поен со 6 скокови, Миротиќ пак реализираше дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови. На спротивната страна залудни беа 23 кошеви на плејмејкерот Дилејни.

ЦСКА Москва на крилјата на фантастичниот Мајк Џејмс славеше во руската пресметка против Химки со 96-87. Џејмс уфрли рекордни во кариерата 36 поени на кои додаде 9 скокови и 10 асистенции. Ова за „армејците“ беше осмо славје во низа во Евролигата и заедно со Барса (10-3) се двете водечки клубови во досегашниот дел од натпреварувањето.

За Химки ова пак беше 11 негативен резултат, а во истиот најсветла точка беше Швед со 26 поени.

На другите две преостанати средби од 13. коло играчите на Баерн Минхен го добија Асвел со 76-62, а пак Жалгирис како гостин го среди Панатинаикос (81-69).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни