Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона во јануари тргнува по ангажман на ѕвездата на Манчестер Сити

Објавено

на

Од таборот на Барселона како што стојат работите се сериозни во намерата да го ангажираат фудаблерот на Манчестер Сити кој до лани беше меѓу најдобрите фудбалери на клубот.

Станува збор за брзоногиот крилен фудбалер, Рахим Стерлинг кој во последно време слабо добива минутажа од Пеп Гвардиола и би можел да си замине од клубот.

Од Барселона, според „Дејли Мејл“ планираат да испратат понуда за шестмесечна позајмица со право на откуп на неговиот договор.

Наводно и самиот Стерлинг бил заинтересиран за можноста да заигра во дресот на Барселона затоа што не гледал можност да добие поголема минутажа од Пеп Гвардиола во следниот период.

Рахим Стерлинг е редовен англиски репрезентативец, но по последните случувања на клупско ниво, Герет Саутгејт се почесто го става на клупата за резервни фудбалери наместо да му дава шанса во првиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни