Барселона во чест на Мандела одигра пријателска средба во Јужна Африка (Видео)

DdV9hnWVQAASI_G

Екипата на Барселона одигра пријателска средба против Мамелоди Сандаунс на ФНБ стадионот во Јоханесбург и триумфираше со 3:1. Овој натпревар беше дел од прославата на стогодишнината од раѓањето на славниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела.

Избраниците на Ернесто Валверде во својот претпоследен натпревар сезонава стигнаа до сигурна победа, а стрелци на головите беа Усман Дембеле, Луис Суарез и Андре Гомеш.

Валверде шанса им даде на сите играчи, а прилика да заиграат во дресот на Барселона добија и неколку млади фудбалери како Карлес Алења, Ињиго Руиз Ечеберија и Жорге Куенка.

Екипата на Барселона својот последен натпревар оваа сезона го игра во недела против тимот на Реал Сосиедад.

Facebook Коментари