Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона влегува во трка за фудбалер на Борусија Дортмунд

Објавено

на

Од таборот на Барселона ја разгледуваат опцијата во летниот преоден рок да донесат фудбалер на Борусија Дортмунд.

Како што пишува португалскиот медиум „А Бола“, Барселона е заинтересирана во своите редови да го донесе играчот од одбраната на „милионерите“, Рафаел Гереро.

На каталонскиот клуб ќе му биде потребен нов лев бек откако ќе му биде дозволено на Жуниор Фирпо да го напушти клубот.

Гереро игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд оваа сезона  во која веќе одигра 34 натпревари на кои постигна осум погодоци и асистираше во пет наврати.

Борусија Дортмунд се соочува со тотален егзодус на играчите кои имаа одлична сезона годинава.

Од клубот дефинитивно ќе си оди Ашраф Хакими кој ќе се врати во Реал Мадрид, а голема е веројатноста да си оди и Џејдон Санчо за кого се интересира Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни