Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона веќе обезбедила потпис на германски репрезентативец

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Раководството на Барселона уште отсега мора да планира одредена реконструкција на ростерот, а тренерот Ханси Флик има приоритети за позициите на кои му се потребни засилувања.

Прв приоритет е одбраната, а таму Германецот наводно веќе успеал да го убеди искусниот Џонатан Та за трансфер во летниот преоден рок.

На фудбалерот на Баер Леверкузен му истекува договорот во јуни и јасно е дека ќе се раздели со „фармацевтите“, а „Мундо Депортиво“ тврди дека Барса веќе ја добила битката за неговиот потпис.

Та со одличните игри за Баер си обезбеди место и во германската репрезентација, а со Барселона би требало да потпише договор до 2030 година.

За дефанзивецот се интересираше и Баерн Минхен, но таа опција пропадна неочекувано во последниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни