Поврзете се со нас

Евролига

Барселона убедлива против Жалгирис, Милано влезе во резултатска криза

Објавено

на

Олимпијакос славеше на гостувањето кај Армани Милано (72:93) и му го нанесе третиот пораз по ред на италијанскиот тим во Евролигата.

Милано одлично ја започна новата сезона, но денешниот пораз е трет во серија, а Олимпијакос се израмни со ефектот 8-4 на делба на третото место во регуларниот дел.

Ларенцакис со 18 и Дорси со 14 поени биле најефикасни во грчкиот состав, додека Шилдс со 26 поени ги предводел стрелците во тимот на Милано.

Барселона рутински го совлада Жалгирис (96:73) и останува на врвот на евролигашката табела.

Јокубаитис со 15 и Ориола со 13 поени биле најдобри реализатори во победничката екипа, а Барса сега има ефект 10-2, исто како и Реал Мадрид.

Црвена Звезда загуби од Уникс (78:98), додека мечот Монако-Асвел заврши со резултат 84:85 во корист на гостите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни