Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона спасуваше бод против Гранада (Видео)

Објавено

на

Барселона освои само бод во дуелот со Гранада (1:1) и тоа со погодок во самата завршница на натпреварот.

Екипата на Роналд Куман повторно ги разочара своите фанови, а на лошата игра влијаеше и раниот погодок на гостите од Гранада.

Дуарте погоди уште во 2. минута и се најде во одлична позиција, за во продолжение Барселона до крајот да се обидува да стигне до пресврт.

Реализација имаше само на еден погодок и тоа преку Араухо во 90. минута, а овој гол беше доволен само за бод и конечен резултат 1:1.

За Барселона ова е второ реми по четири кола во Ла Лига и има осум бодови или пет помалку од лидерот Реал Мадрид, кој има и натпревар повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни