Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона со „петка“ во мрежата на Димитриевски за полуфинале во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Барселона ја оправда улогата на фаворит и со сигурно издание ја совлада Валенсија со 5-0 во последниот натпревар од четвртфиналето на Купот на Шпанија.

„Лилјаците“ одново беа немоќни против каталонците како на мечот на „Монжуик“ одигран на крајот на минатиот месец, но за разлика од тоа соочување сега примија два гола помалку, но воедно и не успеаа ниту еднаш да го матираат противникот.

Нашиот Столе Димитриевски беше на голот на домаќините, меѓутоа тој е најмалку виновен за овој тежок пораз на Валенсија која сега ќе може да се фокусира на дуелите во Примера каде ја очекува тешка задача во битката за опстанок.

Барса по половина час водеше со 4-0 со головите на Торес (3) и Лопес, додека во вториот дел реализираше и Јамал.

Пласман во полуфиналето обезбеди Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад и повеќе од јасно е дека ќе имаме дерби пресметки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни