Шпанија
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
Мајорка имаше позитивен резултат против Барселона по првото полувреме, но гостите ја прекинаа лошата резултатска серија со убедлив настап и триумф (1:5) во продолжението.
Торес го отвори резултатот на гостински терен, но Муричи израмни пред крајот на полувремето, враќајќи ја неизвесноста на натпреварот на кој избраниците на Ханси Флик не смееја да си дозволат нов кикс во Ла Лига.
Јамал изнуди пенал во 55. минута, а Рафиња истиот го претвори во гол за водство една минута подоцна, а следниот гол исто така беше резултат на двајцата најдобри поединци во редовите на Барса.
Јамал му испрати одлично додавање на Бразилецот кој реализираше рутински, а асистенцијата на младиот шпански репрезентативец беше и потег на натпреварот и момент кој ги воодушеви фудбалските фанови.
До крајот погодија и Де Јонг и Виктор, па Барса ќе ја задржи првата позиција пред Реал Мадрид, кој сега има четири бодови помалку, но и два натпревари за играње.
-
Англија21 час
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Свет20 часа
Саудијците тврдат: Роналдо прифатил да стави потпис на неверојатен договор со Ал Наср
-
Шпанија23 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Шпанија24 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
Франција22 часа
Луис Енрике го дозна резултатот од „Ел Класико“, па му постави едно прашање на новинарот (Видео)
-
Шпанија10 часа
Фановите на Реал му пресудија на еден стартер по потопот од Барселона: Не си достоен за дресот (Фото)
-
Англија10 часа
Кризата во Сити не е единствен проблем за Пеп: Гвардиола ја завршил годината на најлош можен начин (Фото)
-
Шпанија19 часа
Кубо претрча 70 метри и постигна спектакуларен гол во Ла Лига (Видео)