Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Фудбалерите на Барселона славеа над Атлетико Мадрид со 4-2 во дерби натпреварот со кој се спушти завесата на 28. коло во шпанската Примера.

Каталонците на претходните две сезонски пресметки со Атлетико имаа проблеми во заврницата на натпреварите, односно дозволија да бидат поразени на „Монжуик“ во шампионат со гол во 96 минута, додека пак во Купот му овозможија прилика на гостинот да израмни на 4-4 во 93 минута.

Овојпат улогите се сменија и Атлетико максимално користејќи ги своите шанси водеше со 2-0 до 72 минута со головите на Алварес и Серлот со тоа што при погодокот на Норвежанецот имаше чисто играње со рака на Де Пол во истата таа акција.

Од овде започна ерупцијата на избраниците на Флик кои од 72 до 78 минута преку Левандовски и Торес дојдоа до 2-2. Овој резултат беше активен на семафорот до судиското продолжение во кое Јамал и Торес реализираа за 4-2 и слатка одмазда на лидерот во Примера.

Барса има 60 бода исто како и Реал Мадрид, но и натпревар помалку (оној со Осасуна на домашен терен), а и подобар меѓусебен дуел до кралевите.

ОВДЕ погледнете ги сите голови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни