Поврзете се со нас

Евролига

Барселона со лекција за Зенит, останува перфектна во Евролигата

Објавено

на

Фото: Евролига

Барселона го прегази Зенит на домашен терен (84:58) за задржување на перфектниот скор и по петтото коло во кошаркарската Евролига.

Рускиот тим парираше само во првиот период, за потоа фаворитот да го реши победникот и до крајот да обезбеди убедлива победа во најелитното европско натпреварување.

Миротиќ со 20 поени бил најефикасен во домашниот тим, додека кај Зенит, Лојд, Кулагин и Барон реализирале по 8 поени.

ЦСКА Москва го победи Олимпијакос во дербито со 88:82, на натпревар на кој Клајбурн постигна дури 29 поени во домашниот тим.

Басконија оствари триумф на домашен терен против Монако со 78:66, а единствената гостинска победа ја забележа Алба, откако германскиот тим ја совлада Црвена Звезда со 63:78.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни