Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона со лекција за Мешков го потврди настапот во Келн

Објавено

на

Барселона ја потврди улогата на голем фаворит во двомечот со Мешков Брест и со втора победа обезбеди место на фанл-фор турнирот од ракометната Лига на шампиони.

Чави Пасквал последен пат ќе ја води оваа шпанска екипа на една завршница на најквалитетното европско натпреварување, а вечерва Барса победи со убедливи 40:28 на домашен терен.

Домаќините направија голема предност уште во првиот дел и истата ја зголемија во продолжението, додека на првата средба Мешков загуби на домашен терен со 33:29.

Мортенсен со 7 и Гомез со 6 голови биле најефикасни во победничката екипа, а во редовите на Мешков се истакнал Ваилупау со 7 погодоци.

Барселона го затвори списокот учесници на годинешниот Ф4 турнир во Келн, а претходно таму место обезбедија Нант, Алборг и ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни