Поврзете се со нас

Евролига

Барселона со фуриозна четврта четвртина ја суреди ЦСКА Москва

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона издвоија победа над ЦСКА Москва од 81-73 во последната средба од 10. коло во Евролигата.

Дуелот меѓу двата големи великани и екс европски шампиони донесе борба, надигрување, осцилации во играта на двете екипи, случувања во кои на крајот подобро се снајдоа избраниците на Јасикевичиус кои со ова го задржаа перфектниот учинок во „Палау Блауграна“ (пет од пет).

Првиот дел заврши со предност на домаќините од 38-27 за да во третиот период ЦСКА Москва преземе апсолутна контрола на играта и со 33-13 влезе во последниот период со позитива од 60-51.

Завршните десет минути донесоа целосен пресврт на играта, се сменија улогите, па така каталонците заиграа фантастично во двата правци на теренот, дадоа 30 кошеви, примија само 13 што ги доведе во позиција да остварат позитивен резултат.

Миротиќ даде 21 поен, Дејвис застана на 14, а Курич уфрли 13 кошеви.

На останатите средби бранителот на титулата Анадолу Ефес го доби Олимпијакос со 88-69, Зенит славеше над Алба со 75-66, Уникс беше подобар од Милано (97-71), додека Макаби во својот дом го надигр Монако (95-84).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни