Поврзете се со нас

Евролига

Барселона со фуриозен финиш врза четврта победа по ред во Евролигата

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона го добија шпанското дерби со Басконија во Евролигата (71:72), а за избраниците на Шаренас Јаскевичиус ова е веќе четврта победа во серија во Евролигата.

Басконија имаше плус десет во последната четвртина, односно водство од 71:61, но во продолжение следуваше серија на гостите кои стигнаа до 71:72 и на крајот го добија натпреварот во своја полза.

Барселона е една од трите екипи со пет победи од шест натпревари досега, додека Басконија има две победи и два пораза.

Миротиќ со 18 и Дејвис со 12 поени биле најдобри реализатори кај Барселона, додека Драгиќ постигнал 15 поени за Басконија.

Претходно, Анадолу Ефес славеше како гостин против Олимпијакос со 84:79, додека Химски ја совлада Црвена Звезда со резултат 83:77.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни