Шпанија
Барселона со фантастична акција го „скрши“ Алавес, Де Јонг го израдува Чави (Видео)

Барселона долго се мачеше на гостувањето во Виторија и се чинеше дека тимот на Чави Ернандес ќе доживее ново непосакувано разочарување, но во завршницата од мечот, неговите избраници го скршија отпорот на Алавес со фантастична акција.
Каталонскиот великан не брилјираше на тешкиот терен за игра и имаше проблеми да воспостави посакувана рамнотежа во текот на цел меч, но гостите од „Камп Ноу“ изработија една перфектна акција во 87-та минута и таа беше доволна за да се освојат драгоцени три бода.
Барселона се искачи на петтото место на табелата и има само еден бод помалку од четвртопласираниот Атлетико кој вчера драматично славеше над Валенсија, а најзаслужни за тоа се Жорди Алба, Феран Торес и Френки Де Јонг.
Првите двајца ја креираа одличната акција, а Холанѓанецот имаше рутинска реализација и успеа да го израдува Чави кој не ги криеше емоциите крај аут линијата.
За Барселона ова беше четврто гостување во низа во Ла Лига, па така билансот од две победи и две реми средби го носат тимот во добра ситуација да верува во топ четири пласман.
-
Шпанијапред 24 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Францијапред 22 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 23 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 19 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја