Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона со еден потег си оставила можност да го регистрира Шчесни за настап во ЛШ

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Сериозната повреда на Марк-Андре Тер Штеген е голем удар за Барселона и тренерот Ханси Флик, но се чини дека ударот ќе биде неутрализиран со експресното ангажирање на неодамна пензионираниот Војчех Шчесни.

Полскиот голман е блиску до потпис за шпанскиот великан, а ако брани во формата во која го чуваше голот на Јувентус, би требало да биде успешен потег на раководството на Барса.

Од друга страна, Барселона постапила многу внимателно и трезвено при пријавувањето на составот за настап во Лигата на шампионите и таквиот потег сега ќе му овозможи на клубот да го регистрира Шчесни и за настап во европското натпреварување.

Шпанскиот клуб пријавил четири голмани, но само двајца (Тер Штеген и Инаки Пења) на А листата, со што оставила простор за уште еден голман, кој во случајов ќе биде дополнително пријавениот Шчесни.

Правилата на УЕФА овозможуваат такво нешто со оглед на паузата која го очекува Тер Штеген и која го надминува потребниот период и фактот што Барса останува со само еден голман на А листата, а клубот ќе треба да добие зелено светло веднаш откако ќе го комплетира трансферот на полскиот голман.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни