Поврзете се со нас

Евролига

Барселона со дерби победа ја започна сезоната, Зенит го изненади Анадолу Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Вечерва со пет дуели се отвори новата сезона во Евролигата, а дербито се одигра во Каталонија каде Барселона славеше над ЦСКА Москва со 76-66.

Домаќините во првиот период се стекнаа со двоцифрена предност (24-14), па потоа постојано беа во позитива, го контролираа резултатот до самиот крај. Дејвис беше автор на 18 поени и 4 скокови, Абринес уфрли 13, додека пак Миротиќ реализираше 17 кошеви со 7 скокови.

Кај поразените се истакна Шенгелија со 15 кошеви.

Зенит пак го изненади Анадолу Ефес на негов терен во Истанбул и славеше со 73-69. Гостите од Русија одиграа фантастично во завршниот период, направија пресврт и на најдобар можен начин ја започнаа кампањата.

Пангос со 23 и Риверс со 14 кошеви беа најдобри поединци кај победникот.

На другите средби Валенсија беше подобра од Асвел (65-63), Жалгирис победи кај Олимпијакос со 68-67, а пак Макаби ја доби Алба (80-73).

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни