Шпанија
Барселона следната недела ќе информира тројца фудбалери дека не се во плановите на Чави

Почетокот на преодниот рок значи и нова шанса за Барселона да се обиде да го засили составот и покрај комплицираната финансиска ситуација, а еден од начините е и преку разделба со дел од ѕвездите со високи плати.
Како што пренесува „АС“, тренерот Чави веќе го информирал раководството на кои фудбалери дефинитивно нема да смета следната сезона, а сега спортскиот директор ќе треба да им ја пренесе информацијата на самите играчи.
Матеу Алемани следната недела ќе информира тројца фудбалери дека треба да бараат нова средина, а на списокот се Френк Кеси, Ансу Фати и Феран Торес.
Кеси веќе одамна бара нов клуб преку своите агенти и се чини најлесно ќе замине од „Камп Ноу“, додека во случајот со Фати клубот ќе мора да добие поддршка од агентот Жорге Мендеш во убедувањето дека најдобро за него е да замине во друг клуб.
Следната дестинација на Феран Торес може повторно да биде Премиер лигата, а шпанскиот репрезентативец ќе донесе и одредена загуба поради трансфер сумата која му беше платена на Манчестер Сити.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)